во ,

Ужас во Франција: Експлозија на гас уби две дечиња, братче и сестриче

Две дечиња на возраст од три и пет години загинаа, а повеќе лица се повредени во силна експлозија што се случи во станбена зграда во градот Треву, во францускиот департман Ен.

Супер Попуст -25%

Според локалните власти, трагедијата се случила околу 17:30 часот во четирикатница, при што братчето и сестричето починале и покрај обидите за реанимација на екипите на брзата помош, додека нивната мајка и најстарото дете кои биле во станот успеале да преживеат.

Градоначалникот Марк Пешу потврди дека според првичните информации, причината за несреќата најверојатно е експлозија на гас. Од зградата се евакуирани околу 30 станари, од кои многумина биле во состојба на шок. Експлозијата предизвикала значителна материјална штета, ослабувајќи ја конструкцијата на објектот и оштетувајќи две блиски училишта, за чии ученици е обезбедена психолошка поддршка.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новак Ѓоковиќ донесе одлука: Еве каде ја започнува сезоната 2026 пред Австралија Опен

„Слаткото“ суштество е смртоносно: Експерт за антиквитети држеше во рака отровен октопод