
Војна на иднината: Израел ќе монтира ласерски топови на авиони
Израелската армија официјално го прифати системот „Железен зрак“ (Iron Beam) и веднаш најави негова еволуција. Даниел Голд од Министерството за одбрана потврди дека освен на земја, моќните ласери ќе се монтираат и на воени авиони. Развиен од гигантите „Елбит“ и „Рафаел“, овој систем ќе работи рамо до рамо со познатата „Железна купола“ за да создаде непробоен штит.
Револуција во цената: Соборување дрон за само 4 долари
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Ова е економски „гејм-чејнџер“. Додека пресретнувачите на „Железната купола“ чинат десетици илјади долари, еден ласерски истрел за уништување на дрон или ракета чини смешни 4 долари. Претседателот Исак Херцог го нарече ова „фундаментална промена“ во историјата на војувањето, која драстично ќе ги намали трошоците за одбрана од масовни напади со дронови.


