
Само еден месец „двојна игра“: До кога ќе важат левовите во Бугарија?
Од 1 јануари 2026 година, Бугарија официјално влегува во еврозоната, но транзицијата ќе биде брза. Периодот на т.н. двојна циркулација, во кој ќе може да се плаќа и со лева и со евра, е строго ограничен на само 31 ден – од 1 до 31 јануари 2026 година. Во овој период, трговците ќе мора да примаат обете валути, но кусурот најчесто ќе го враќаат во евра.
Од 1 февруари еврото останува единствен „газда“
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
По истекот на јануари, левот заминува во историјата како платежно средство. Од 1 февруари 2026, единствена официјална валута ќе биде еврото. Сепак, граѓаните не треба да паничат ако им останат стари пари – замената на левовите во евра ќе продолжи да се врши во Бугарската народна банка (БНБ), комерцијалните банки и поштите (во местата каде што нема банки) и по овој датум.


