
Медведев со морничава закана: „Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот“
По најновиот напад со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, упати жестоки закани кон украинскиот претседател. „Володимир Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот“, напиша Медведев, обвинувајќи го Киев за обид за саботажа.
„Овој смрдлив киевски гад сака војна“
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Во својата објава, Медведев не штедеше навреди, нарекувајќи го Зеленски „смрдлив киевски гад“ кој намерно го саботира решавањето на конфликтот. Според него, украинскиот претседател не сака мир, туку „сака војна“, а нападот врз резиденцијата на Путин е доказ за таквите намери.


