
Хаос во Перуџа: Масовна тепачка меѓу Македонци и Албанци, прегазен еден човек при бегството
Италијанската полиција уапсила 11 лица по масовната тепачка што избила пред два дена во областа Сан Систо, во близина на Перуџа. Во инцидентот учествувале две групи иселеници од Македонија и Албанија, а се вклучиле и неколку романски државјани. Расправијата, која наводно започнала поради фотографија направена со мобилен телефон, брзо ескалирала на улица каде се користеле маси, столици и дрвени палки како оружје.
Драматичен крај: Со автомобил прегазиле 27-годишен Македонец додека бегале
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Инцидентот добил уште пострашен тек кога двајца од учесниците, во обид да побегнат со автомобил, со голема брзина удриле во 27-годишен македонски државјанин. Повредениот е веднаш пренесен во болница и, за среќа, не е во животна опасност. Сите приведени, на возраст од 19 до 31 година (од кои петмина со претходни досиеја), се префрлени во затворот „Капане“ и ќе одговараат за тешко насилство.


