во ,

Снимка што го згрози светот: Таванот гори, а гостите танцуваат и снимаат лајв

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Морничав доказ за трагедијата: Таванот гори од прскалки, а младите снимаат за Инстаграм

На социјалните мрежи се појави нова снимка од кобната ноќ во Кран-Монтана, која го згрози светот. Видеото го прикажува точниот момент на избувнување на пожарот: келнерите носат шишиња шампањ со запалени прскалки, кои веднаш го палат нискиот таван. Но, она што шокира е реакцијата на присутните – наместо итно бегство, многумина продолжуваат да танцуваат и да снимаат со мобилните телефони.

„Снимаш, па потоа мислиш на живот“: Остри критики за новата генерација

Супер Попуст -25%

Додека еден млад човек очајно се обидува да го изгасне пламенот со својата маица, а друг вика „Гори, гори!“, дел од толпата сè уште скока во ритамот на музиката. Коментарите под видеото се сурови: „Ова е доказ дека паметните телефони ја избришаа свеста. Да избегаа наместо да снимаат лоши видеа, веројатно сите ќе беа живи“. Снимката стана трагичен симбол на „Инстаграм генерацијата“ која го документира сопствениот крај наместо да се спасува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нов шеф на градските паркови: Дали Сефери ќе ја зелени Скопје или само ветува?

УХМР најавува циклонска активност: Јужниот ветер носи затоплување, но и врнежи