
„Луд танц“ на облакодерите: Земјотрес од 6,5 степени го стресе Мексико, прекинат говорот на претседателката
Силниот земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтер, чиј епицентар беше во државата Гереро, предизвика паника во Мексико. На социјалните мрежи се шират морничави снимки од т.н. „луд танц“ на зградите, кои се нишаат под силата на ударот. Земјотресот се случи во живо пред камерите – првиот новогодишен брифинг на претседателката Клаудија Шејнбаум беше итно прекинат.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Првични информации за жртви и оштетена инфраструктура
Иако официјалните бројки се чекаат, медиумите веќе јавуваат за најмалку една жртва и повеќе повредени. Регистрирани се серија последователни потреси кои предизвикаа лизгање на земјиштето, паѓање на столбови и прекини на струјата. Здравствените установи и патиштата во регионот Гереро претрпеле сериозни оштетувања.


