
Светот поделен по упадот во Венецуела: Франција и Италија на спротивни страни, ОН предупредува на „опасен преседан“
Американската воена акција за апсење на Мадуро предизвика дипломатски земјотрес. Франција жестоко се спротивстави, оценувајќи дека нападот го крши меѓународното право и принципот на немешање. Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, порача: „Никакво трајно решение не може да се наметне однадвор“. На иста линија со осуда застанаа и Русија, Кина, Бразил, Мексико и Куба.
Мелони дава поддршка, Стармер се дистанцира
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
На спротивната страна е италијанската премиерка Џорџа Мелони, која акцијата ја нарече „легитимна и одбранбена“. Британија и ЕУ се повоздражани – премиерот Кир Стармер и Урсула фон дер Лајен повикаа на почитување на повелбата на ОН, при што Стармер изричито нагласи: „Ние не бевме вклучени“. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази длабока загриженост, предупредувајќи дека ова е опасен преседан за светскиот мир.


