
Директен судир на САД и Куба: 32 кубански војници загинале бранејќи го Мадуро, Трамп потврди „многу жртви“
Воената операција во Венецуела добива меѓународни димензии. Владата во Хавана официјално соопшти дека 32 припадници на кубанските безбедносни сили се убиени за време на американскиот напад во Каракас. Тие пружиле „жесток отпор“ обидувајќи се да го спречат апсењето на Николас Мадуро. Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ги нарече американските специјалци „терористи во империјалистички униформи“ и прогласи дводневна национална жалост.
Трамп ладен: „Знаете дека загинаа многу Кубанци, но немаше мртви Американци“
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Американскиот претседател Доналд Трамп од авионот „Ер Форс Уан“ не покажа жалење. „Многу Кубанци беа убиени вчера обидувајќи се да го заштитат“, изјави тој, потенцирајќи дека од американска страна нема жртви.
Дали Хавана е следна?
Тензијата ја подгрева и државниот секретар Марко Рубио (по потекло Кубанец), кој изјави дека кубанскиот режим е „огромен проблем“. На прашањето дали Куба е следната цел по Венецуела, тој одби да шпекулира за „идните чекори“, но потсети дека Вашингтон ќе има многу поцврст став кон островот.


