
Пресврт во Каракас: Наследничката на Мадуро „смени плоча“ – нуди рака за соработка на Трамп
Само 48 часа по апсењето на Мадуро, реториката во Венецуела драстично се менува. Привремената претседателка Делси Родригез, која вчера викаше дека „никогаш нема да бидат робови“, денес преку Инстаграм испрати помирувачка порака до Вашингтон. „Ја покануваме американската Влада да соработува со нас… Нашите народи заслужуваат мир, а не војна“, напиша таа.
Од „агресија“ до „заеднички развој“
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Родригез, која ја презеде функцијата откако Мадуро беше однесен во Њујорк, сега повикува на дијалог заснован на меѓународно право. Ова се толкува како обид на преостанатиот дел од режимот да избегне понатамошна воена интервенција, иако Трамп веќе најави дека САД привремено ќе ја „управуваат“ земјата.


