
Тајната на дренот: Сите го ставаме до Бадниковото гранче, но дали знаете што точно симболизира?
Бадник е незамислив без дабово дрво (бадник), но ако забележите, во секој букет што го купуваме или береме, задолжително има и гранче дрен. Ова не е случајно. Додека дабот симболизира долговечност и сила, дренот има една уште поважна улога – тој е чувар на здравјето.
„Здрав како дрен“
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Дренот е дрво кое цвета многу рано и дава плодови дури и во најтешки услови. Затоа во народните верувања тој станал симбол на отпорност и неуништливо здравје. Старите верувале дека ако се стави дрен до бадникот, домот ќе биде заштитен од болести, а семејството ќе биде „здраво како дрен“ цела година.
Обичај за Божиќното утро
Традицијата налага во божиќната погача (чесница), покрај паричката за среќа, да се стави и парче дрен. Оној што ќе го најде дренот во своето парче, според верувањата, нема да се разболи во текот на целата година. Исто така, во некои краишта постои обичај на Божиќ наутро прво да се проголта едно зрно дрен (пупка) за здравје и имунитет.


