во ,

Ердоган до Трамп: Не ја туркајте Венецуела во хаос, го кршите меѓународното право

„Правото на силата носи конфликти“: Ердоган го предупреди Трамп да не си игра со оган во Венецуела

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска упати остра порака до својот американски колега Доналд Трамп. Во телефонски разговор по повод американската воена операција и апсењето на Мадуро, Ердоган предупредил дека „Венецуела не смее да се турка кон нестабилност“ и дека Турција не одобрува акции што го кршат меѓународното право.

„Пријателот Мадуро“ и лекцијата за Вашингтон

Супер Попуст -25%

Ердоган, кој со години негува блиски односи со Мадуро, истакна дека двата народи се солидарни во тешки времиња. Тој испрати и директна критика кон американската надворешна политика:

„Во свет во кој владее правото на силата, наместо владеењето на правото, нестабилноста, кризите и конфликтите се неизбежни.“

Според Анкара, нарушувањето на суверенитетот на државите е ризичен чекор кој може да доведе до глобални компликации. Ова е прва директна критика од лидер на НАТО земја кон акцијата на Трамп.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Не ја купувајте, замесете ја сами: Најстариот рецепт за Бадникова погача

Путин удира по американскиот џеб: Руски дронови ја уништија фабриката на гигантот „Банџ“ во Днипро