во ,

Трамп до иранскиот режим: „Ќе платите пеколна цена ако продолжите да го убивате народот“

Трамп ја повлече црвената линија: „Ако убивате луѓе, ќе платите пеколна цена!“

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за конзервативното радио на Хју Хјуит испрати последно предупредување до иранскиот режим. Додека улиците на иранските градови горат, Трамп се закани со брутална одмазда доколку властите почнат масовно да го ликвидираат народот.

„Ќе ве удриме многу силно“

Супер Попуст -25%

Трамп откри дека веќе испратил директна порака до Техеран.

„Им ставив до знаење дека ако почнат да убиваат луѓе, што имаат тенденција да го прават… ние ќе ги удриме многу силно. Им беше кажано, уште посилно отколку што ви зборувам сега, дека ќе мора да платат пеколна цена, изјави Трамп.

За „стампедото“ и храброста

Иако призна дека има жртви, Трамп (засега) е внимателен, истакнувајќи дека некои смртни случаи можеби се резултат на стампедо, а не на директна полициска егзекуција. Сепак, тој им испрати порака на демонстрантите:

„Вие сте храбри луѓе. Срамота е што ѝ се случи на вашата земја. Треба силно да ја чувствувате слободата.“

Зошто не се среќава со синот на Шахот?

На прашањето дали ќе се сретне со Реза Пахлави, синот на поранешниот ирански шах (чии знамиња се веат на протестите), Трамп тактизираше:

„Делува како фин човек, но не сум сигурен дека е време за тоа. Треба да пуштиме сè да излезе на виделина и да видиме кој ќе се појави како лидер“, заклучи американскиот претседател.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пекол во Тирана: Голем пожар го голта градот, повикана е Армијата на помош!

Пекол во Лавов: Путин го употреби „Орешник“ на чекор од полската граница!