
ОД ПАЛАТА ВО „ДУПКАТА“: Мадуро спие на метал, добива едно ќебе и живее во бруклинскиот пекол
Падот на Николас Мадуро е брутален. До вчера неприкосновен лидер на Венецуела, денес тој е само бројка во еден од најозлогласените затвори во Америка – Метрополитенскиот притворски центар (MDC) во Бруклин. Условите во кои престојуваат тој и неговата сопруга Силија Флорес се опишуваат како „вистински пекол“.
23 часа заклучени во самица
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Според извори на Си-Ен-Ен, брачната двојка е сместена во Посебната станбена единица (SHU), целосно изолирани од останатите затвореници поради безбедносен ризик.
Нивното секојдневие изгледа вака:
- Изолација: 23 часа дневно се заклучени во ќелија.
- Кревет: Спијат на тенка комбинација од душек и перница (дебели само 5 см) поставени директно на метална плоча.
- Студ: Греењето е лошо, а им е дозволено само по едно волнено ќебе.
„Таму ќе го убијат“
Поранешниот директор на бирото за затвори, Хју Хурвиц, објаснува дека Мадуро не смее да се меша со „општата популација“.
„Тоа е огромен ризик. Припадници на банди или картели кои се внатре би можеле да го нападнат веднаш“, вели тој.
Без контакт со сопругата
Иако се во иста зграда, Мадуро и Флорес немаат контакт. Единствена шанса да се видат е ако случајно им се поклопат термините за посета кај адвокатите.
MDC Бруклин е познат по ужасните услови – во 2024 година таму беа убиени двајца затвореници, а чести се прекините на струја и недостигот на персонал.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден








