во ,

Минеаполис пред експлозија: Агент на ICE уби жена, Националната гарда излегува на улица

ТЕНЗИИ ВО МИНЕАПОЛИС: Агент на ICE уби жена при проверка, Гувернерот ја активираше Националната гарда!

Минесота е повторно буре барут. Најголемиот град, Минеаполис, се подготвува за нови немири откако агент на федералната служба за имиграција (ICE) вчера застрела и уби 37-годишна жена. Гувернерот Тим Валц итно ја стави Националната гарда во состојба на готовност.

„Губете се од мојот град!“

Супер Попуст -25%

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, влезе во отворен судир со федералните агенти.

„Изгубете се од овој град, не ве сакаме тука!“, порача тој на прес-конференција, отфрлајќи ги тврдењата на ICE за самоодбрана.

Инцидентот е снимен. Видеото покажува како агентите во полна брзина го блокираат автомобилот на жената. Таа се обидува да маневрира (напред-назад) за да избега, по што еден агент пука од непосредна близина.

„Тоа беше хаос кој заврши со убиство. Неодговорна употреба на сила“, смета Фреј.

Трамп испрати 2.000 агенти, се буди духот на Џорџ Флојд

Гувернерот Валц со недели предупредувал дека масовната операција на администрацијата на Трамп, која испрати 2.000 агенти на ICE во Минесота за лов на мигранти, ќе доведе до трагедија.

Градот е сè уште трауматизиран од убиството на Џорџ Флојд, а стравот е дека овој инцидент ќе предизвика нов бран на насилни протести и палење на улиците.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бруклински пекол за диктаторот: Мадуро спие на метална плоча, смрзнува со едно ќебе

Тага која не поминува: Сестрата на Фросина Кулакова со емотивна објава што крши срца