во ,

Трамп искрен за Путин: „Имавме одличен однос, ме разочара што војната во Украина уште трае“

(ВИДЕО) ТРАМП ПРАШАН ДАЛИ ЌЕ ГО „ПАДНЕ“ ПУТИН КАКО МАДУРО: „Секогаш имавме одличен однос, многу сум разочаран!“

По шокантната акција во Венецуела и апсењето на Николас Мадуро, светските медиуми го поставија „прашањето од милион долари“: Дали Владимир Путин е следниот на листата на Доналд Трамп? Американскиот претседател, во свој стил, одговори со мешавина на разочарување и надеж за договор.

„Мислев дека војната во Украина ќе биде лесна“

Супер Попуст -25%

Запрашан дали би презел слични мерки против Русија како оние во Каракас, Трамп се осврна на својот личен однос со рускиот лидер и војната во Украина.

„Секогаш сум имал одличен однос со него (Путин). Многу сум разочаран. Завршив осум војни досега. Мислев дека оваа (во Украина) ќе биде некаде на средина или можеби една од полесните за решавање“, изјави Трамп пред новинарите.

Наместо лисици – Договор?

Иако Трамп покажа дека не се плаши да користи сила против лидери кои му застануваат на патот, неговиот тон кон Кремљ останува поблаг. Тој додаде дека останува оптимист во врска со постигнувањето договор за итен прекин на војната во Украина, нагласувајќи дека неговиот приоритет е „бизнисот и мирот“, а не нови долготрајни конфликти.

Различни аршини за Венецуела и Русија

Аналитичарите забележуваат дека додека Мадуро беше третиран како „диктатор чија нафта треба да се земе“, кон Путин Трамп сè уште пристапува како кон „разочаран пријател“. Ова сугерира дека Вашингтон во 2026 година нема намера за директен воен судир со нуклеарна сила, туку ќе се обиде да ја „купи“ или испреговара руската сфера на влијание.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мерц го вклучи црвениот аларм: „Германија гори, индустријата е на работ на колапс!“

Тишината што боли: Кочани пушти 40 бели балони за настраданите во Швајцарија