
„Мој ДДВ“ е скапа играчка? УЈП предупредува: Трошиме милиони, а сивата економија цвета
Директорката на УЈП, Елена Петрова, упати сериозно предупредување дека популарната мерка „Мој ДДВ“ претставува голем товар за државната каса, а не ја исполнила основната цел. Иако државата на секои три месеци исплаќа по 14,5 милиони евра на граѓаните, Петрова тврди дека ова немало значителен ефект врз сузбивањето на сивата економија.
Половина милион скенери, но резултат нема – ќе се укине ли мерката?
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Податоците покажуваат дека дури 4% од вкупната годишна наплата на ДДВ оди за исплата кон 502.000 граѓани кои скенираат. И покрај слабите резултати и високата цена, Петрова смирува дека засега нема одлука за укинување на мерката, но нагласува дека мора да се преиспита ефикасноста на трошењето на јавните пари.


