во ,

„Талог на општеството“: Мицкоски ја нападна опозицијата дека шири хистерија против САД и Британија

Смирувачки тонови од премиерот: „Очекувајте добри вести од САД, визите за туристи и студенти не се чепкаат“

Премиерот Христијан Мицкоски упати порака на оптимизам до македонските граѓани по најновите одлуки на администрацијата во Вашингтон за суспендирање на визите за 75 земји. Тој појасни дека рестрикциите се однесуваат исклучиво на имиграциските визи, додека визите за студирање и туристички посети остануваат без промени.

Супер Попуст -25%

„Мислам дека во деновите кои следат ќе има добри вести за македонските граѓани кога станува збор за ваквов тип на односи помеѓу нашиот стратешки партнер. Јас би бил внимателен и трпелив“, изјави Мицкоски, најавувајќи позитивен исход од дипломатските контакти.

„Талог на општеството“: Жестока критика кон опозицијата за анти-американската хистерија

Мицкоски го искористи моментот и за политичка пресметка со опозицијата, обвинувајќи ги за лицемерие и брзање да ги навредат стратешките партнери како САД и Обединетото Кралство.

„Жалам што опозицијата, по рафалните критики кон Британија, сега тоа го прави и со САД. Кога беа наметнати тарифите, истите тие кои јас ги нареков талог на општеството поитаа да навредуваат, а ги немаше да се извинуваат кога стапката се намали на 15%“, рече премиерот, повикувајќи на воздржаност и доверба во сојузниците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мисајловски: „Лично сум ЗА враќање на воениот рок, но касарните ни се претворени во општински објекти“

СТУДЕН БРАН ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: За Водици мраз до -10 степени, во среда снег низ цела земја