во ,

СТУДЕН БРАН ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: За Водици мраз до -10 степени, во среда снег низ цела земја

Ладен воздушен бран од истокот на Европа

Територијата на Македонија во деновите кои следуваат ќе биде под влијание на ладен воздушен бран кој ќе продре од истокот и од североистокот на Европскиот Континент. Во ваква ситуација ќе имаме ладно време со појава на утрински минуси и појава на мразеви.

Викенд со зголемена облачност и слаби врнежи

Супер Попуст -25%

Викендов ќе имаме зголемена облачност со локални слаби врнежи кои во пониските места (градовите) ќе бидат од дожд и од снег, а на повисоките населени места и на планините врнежите ќе бидат само од снег.

За Водици мраз и снег во јужните предели

За Богојавление Водици на 19 јануари ќе има услови за слабо провејување на снег во јужните предели од Македонија. Наутро температурите на овој празничен ден ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени, прогнозира Славчо Попоски.

Од среда врнежи од снег

Од среда се очекуваат врнежи претежно од снег на повисоките места, додека во пониските предели ќе има комбинација од дожд и снег.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Талог на општеството“: Мицкоски ја нападна опозицијата дека шири хистерија против САД и Британија

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 17 ЈАНУАРИ: Ракови денес ќе се покајуваат, Јарец најдобро проаѓа