
Слободен ден по тешкиот пораз од Данска
Во првиот дуел на Европското првенство македонската ракометна репрезентација синоќа претрпе убедлив пораз од кодомаќинот Данска со 36:24, а веќе утре го играме можеби клучниот натпревар за пласман во следната фаза – противник ни е Португалија.
Лазаров: Тимот треба да биде одморен
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
По дуелот селекторот Кирил Лазаров изјави дека денешниот тренинг нема да се одржи со цел тимот да биде одморен во пресрет на дуелот со Португалија. Тој се осврна и на отсуството на двајцата искусни ракометари Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои не беа во записникот на дуелот со Данска.
Митревски и Пешевски со ситни повреди
Причината за нивното отсуство се ситни повреди и во разговор со играчите и медицинските лица и стручниот штаб е донесена одлука да не настапат. Да беа здрави сигурно ќе играа, тие имаат добра сезона и се надевам дека ќе бидат подготвени за неделниот дуел со Португалија, изјави Лазаров.
Португалија со победа во дебито
Нашиот следен ривал шампионатот го почна со победа над Романија со 40:34 во натпревар во кој во целиот тек имаа водство. Натпреварот на македонските и португалските ракометари се игра во недела во Хернинг со почеток во 18 часот.


