
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ експресно и жестоко одговори на обвинувањата од опозициската СДСМ во врска со луксузните часовници на премиерот Христијан Мицкоски, отворајќи фронт за потеклото на имотот на политичарите.
Од партијата децидно тврдат дека имотот на Мицкоски е стекнат многу пред тој да стапне на политичката сцена. Според нив, не е никаква тајна дека пред да стане премиер, тој имал успешна кариера во бизнис секторот, особено во областа на енергетиката, каде соработувал со реномирани светски компании.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
„Тоа е сè до моментот пред да влезе во политиката, каде што престанува со било каков вид на бизниси. И што е најважно, сè е чесно, транспарентно и до детал објаснето за неговите примања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Контра-напад: „Од голтари станаа милионери“
Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ брзо премина во остра офанзива кон лидерите на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев. Владејачката партија ги обвини дека пред да влезат во политиката биле „никој и ништо“, а моќта ја искористиле за енормно лично богатење.
Во соопштението се наведени тешки обвинувања за имотот на опозиционерите, вклучувајќи куќи во скопско Нерези, станови и згради во Дубаи, акции во индиски авиокомпании и сомнителни бизниси.
„Е ова е разликата. Овие двајца од СДС од голтари станаа милионери со помош на власта, а претседателот Мицкоски има заработено чесно“, се додава во реакцијата.
Партијата упати и предизвик до СДСМ – ако имаат сомнеж за нешто незаконско кај Мицкоски, да се обратат до судиите и обвинителите за кои ВМРО-ДПМНЕ тврди дека сè уште им „слугуваат“ на социјалдемократите.


