
Градот Скопје денеска официјално ја активираше најнепопуларната мерка и започна постапка за присилна наплата на неплатениот данок на имот за 2021 година, што значи дека илјадници граѓани се соочуваат со блокада на трансакциските сметки.
И покрај јавниот повик упатен во декември, огромен број обврзници не ги подмириле долговите, поради што градската администрација премина на репресивни чекори. Според официјалните податоци, дури 37.655 физички лица и 1.926 компании се наоѓаат на „црната листа“ на должници.
Блокади за долг од 148 милиони денари
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Вкупниот долг што Град Скопје планира да го наплати присилно изнесува вртоглави 148.466.661 денари. Механизмот е веќе ставен во погон – изготвени и доставени се решенија за забрана на средства (блокада) до деловните банки за првите 16.372 должници.
За преостанатите 23.209 обврзници, решенијата за блокада ќе бидат испратени до крајот на оваа недела. Ова значи дека ако сте меѓу нив, вашите средства во банка ќе бидат замрзнати додека не се наплати долгот заедно со трошоците.
Како да проверите и да платите веднаш?
Од Градот апелираат граѓаните да реагираат во најкраток можен рок за да избегнат непријатности. Увид во состојбата на даночниот долг може да се направи преку електронскиот портал: danoci.skopje.gov.mk, каде е овозможено и веднаш да се плати по електронски пат.
„Подмирувањето на овие давачки претставува законска обврска. Благодарност до оние 830 обврзници кои по повикот во јануари веќе уплатија над 20 милиони денари“, се наведува во соопштението на градските власти.


