
Француското Национално собрание усвои закон со кој им се забранува користење на социјални медиуми на деца под 15 години.
Пратениците во Париз доцна синоќа го изгласаа нацрт-законот кој предвидува целосна забрана за пристап до онлајн платформи за социјално вмрежување за малолетници под 15 години, без можност за исклучок со родителска согласност.
Законот сè уште мора да помине во Сенатот.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Текстот кој го усвои Долниот дом допрва треба да биде одобрен од Сенатот, но веќе предизвика силни реакции во јавноста. Во законот не се наведени конкретни платформи, но јасно е прецизирано дека онлајн енциклопедии, образовни и научни содржини, како и приватните пораки, нема да бидат опфатени.
Отфрлена е можноста за користење со дозвола од родители.
Првичната верзија предвидуваше малолетниците да можат да користат дел од платформите со согласност од родителите, но таа одредба беше исфрлена, со што мерката стана значително построга од очекуваното.
Макрон најавува примена од новата учебна година.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека мерката е во согласност со препораките на научната заедница и со јавното мислење, нагласувајќи дека целта е заштита на децата. Тој порача дека ќе се заложи забраната да стапи на сила од 1 септември.
Се отвора прашањето за усогласеност со законите на ЕУ.
Франција и претходно се обиде да воведе слични ограничувања, но тие беа блокирани поради европското законодавство. Засега останува неизвесно дали новиот закон ќе биде целосно усогласен со правилата на Европската унија.
Европа и светот се движат кон построги ограничувања.
Слични мерки веќе се воведени или се разгледуваат во Австралија, Обединетото Кралство, Данска и Германија, што укажува на поширок меѓународен тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните медиуми.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден








