во ,

Мицкоски со директен напад: Синдикалните лидери се заробени од политички амбиции и работат за туѓи интереси

Големиот работнички протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) наместо да ги обедини, длабоко ги подели политичките партии, предизвикувајќи жестока вербална војна меѓу премиерот и опозициските лидери.

Додека работниците излегуваат на улица барајќи достоинствени плати, премиерот Христијан Мицкоски фрли сомнеж врз мотивите на организаторите. Тој е дециден дека иако се залага за повисоки примања, денешниот собир има скриена агенда.

Супер Попуст -25%

„Вистината мора да се погледне во очи. Некои луѓе од водството на овој синдикат се заробени од лични политички амбиции и одредени фигури. Целта не е хумана, туку чисто политичка“, изјави Мицкоски, алудирајќи на манипулација со работничката мака.

Филипче открива: Се спрема ново задолжување од 300 милиони евра

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрли обвинувањата дека стојат зад организацијата, но даде целосна поддршка на барањата. Тој искористи прилика да пласира и една ексклузивна и загрижувачка информација за економијата.

„Компаниите ја напуштаат земјата, а наскоро ќе слушнете за ново задолжување од 300 милиони евра за да се пополнат дупките во буџетот. Владата нема капацитет за добри економски политики“, предупреди Филипче.

ДУИ и Левица: 600 евра минималец е прашање на преживување

Поддршка стигна и од останатиот опозициски блок. Пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети, порача дека проблемот не е кај народот, туку кај политиката.

„Минималец од 600 евра не е екстремно барање, туку минимум за нормален живот и социјална правда“, напиша Беџети. И партијата Левица се приклучи кон поддршката, застанувајќи зад барањата на синдикалците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Филипче со тешки обвинувања: Власта ја турка Македонија во прегратките на српскиот свет и носи сомнителен капитал

Правда по мерка на моќниците: Зајкова обвини дека новиот закон ги спасува министрите од затвор