
Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој важи за еден од најголемите поддржувачи на Доналд Трамп во Европа, наводно изразил сериозна загриженост за „менталното здравје“ на американскиот претседател по нивната неодамнешна средба.
Оваа шокантна информација ја објави угледниот портал „Политико“, повикувајќи се на пет независни дипломатски извори. Според нив, Фицо своите впечатоци ги споделил со европските колеги на маргините на вонредниот самит во Брисел, кој беше свикан поради тензиите околу најавите на Трамп за преземање контрола врз Гренланд.
„Ситуацијата ми изгледаше опасна“
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Иако јавно го поддржува Трамп, зад затворени врати Фицо наводно рекол дека однесувањето на шефот на Белата куќа му се чинело „опасно“ и дека е загрижен за неговата ментална состојба. Овие коментари предизвикале немир меѓу европските лидери, со оглед на тоа што доаѓаат од политичар кој често застанува на страната на САД наспроти Брисел.
Белата куќа: Тоа се дезинформации
Од Вашингтон експресно ги отфрлија овие наводи. Белата куќа извештајот го нарече „дезинформација“, тврдејќи дека средбата меѓу двајцата лидери во Мар-а-Лаго била исклучително позитивна и продуктивна.
Самиот Фицо засега молчи и неговата канцеларија не одговорила на барањата за коментар, иако само пред неколку дена на Фејсбук се фалеше со одличните односи со американскиот претседател.


