
Премиерот Христијан Мицкоски денес ќе одржи средба со Синдикатот на УПОЗ, во термин „во 15 до 5“, со фокус на растот на платите и колективниот договор за државни службеници.
Средбата е закажана за 16:45 часот и доаѓа по изјавите дека Владата дала понуда за покачување на платите која УПОЗ ја оценил како прифатлива, но со најава дека дополнително ќе се доразговара во рамки на синдикалните организации.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Паралелно, истата владина понуда претходно била прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски, што според власта е сигнал дека постои простор за финализирање на договорот.
Во изјава за медиумите, Мицкоски нагласил дека понудата е „на маса“ повеќе од една година и дека е подготвен за средба и потпишување на колективниот договор за државните службеници. Тој додал дека Владата има своја формула за пресметка на платите во јавната администрација.
Според премиерот, најголемиот дел од синдикалните претставници, и репрезентативни и гранкови, се согласуваат со владината позиција, со неколку исклучоци. Како што објаснил, предлогот предвидува етапно покачување што би донело повисоки примања за административците, а не само пораст „колку што ќе расте минималната плата“.


