
Денешниот ден носи променливо облачно време и дожд што прво ќе ги зафати западните делови, а попладне ќе се прошири и кон исток.
Претпладне во западните региони ќе има врнежи од дожд, додека попладне услови за дожд се очекуваат и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, а максималните ќе достигнат од 8 до 14 степени Целзиусови.
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Во Скопје ќе преовладува облачно време со услови за повремени врнежи од дожд. Ветерот ќе биде слаб и со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Според најавите од УХМР, утре ќе се задржи променливо облачно време, на места со повремен слаб дожд. Исклучок ќе бидат западните делови, каде што ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер.
Во недела и на почетокот на следната седмица следуваат нови врнежи и заладување.
Нови врнежи ќе има во недела и во првите денови од следната седмица, кога се очекува заладување со повремени врнежи од дожд. На планините и во некои повисоки места врнежите повремено ќе преминуваат во снег.


