
Минхен донесе средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со фокус на безбедноста во Европа и идејата за праведен мир како единствена трајна формула
На маргините на безбедносната конференција, двајцата лидери разговарале за актуелните безбедносни предизвици, потребата од поголемо единство и солидарност во Европа и за тоа како да се создадат услови за мир што нема да биде само пауза, туку стабилна основа за иднината.
Порака од Мицкоски, мирот мора да се гради врз правда
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Премиерот по средбата порача дека мирот мора да биде изграден врз правда и почитување на достоинството на народите, оценувајќи дека само таков пристап носи стабилност и сигурна иднина за Европа. Во објавата додаде дека Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот и партнер на стабилноста во поддршката за праведен мир.
Покрај безбедноста, отворени и теми за соработка и економска размена
Во разговорите биле допрени и прашања за продлабочување на соработката, економска размена и поддршка во процесите за напредок на државите, со акцент дека резултати се можни кога постојат визија, храброст и јасна определба.


