
Доналд Трамп ѝ испрати честитка на Вјоса Османи за 18-годишнината од независноста на Косово, потврдувајќи непоколеблива поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет
Во писмото, Трамп им честита на граѓаните на Косово за годишнината и нагласува дека САД остануваат цврсто посветени на поддршка на државата. Тој изразува подготвеност за проширување на партнерството, со фокус на трговија и инвестиции, со цел зголемување на заедничкиот просперитет и продлабочување на економската соработка.
Фокус на партнерство, инвестиции и заедничка работа за мир и стабилност
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Според пораката, САД се подготвени да работат заедно со Косово за унапредување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко, при што се потенцира взаемната корист од таквата соработка. Во писмото се наведува и благодарност за поддршката што Косово ја дава на американските напори поврзани со миротворни иницијативи.
Косово поздравено како член-основач на Одборот за мир
На крајот, Трамп го поздравува Косово како член-основач на Одборот за мир, иницијатива која, како што се наведува, има цел да придонесе светот да стане побезбеден, посилен и попросперитетен. Пораката завршува со изразена доверба дека соработката меѓу САД и Косово ќе продолжи да се зајакнува.


