
Тешка повреда на Зимските олимписки игри: Полската лизгачка Камила Селиер повредена во трка на 1.500 метри

-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Инцидент со сериозни последици се случи за време на натпревар во брзо лизгање, кога полската натпреварувачка Камила Селиер беше повредена по пад на патеката. При судирот, лизгалката на натпреварувачка која се движела пред неа ја закачила во пределот на лицето.
Интервенција на медицинските екипи
По падот, Селиер удрила во заштитниот ѕид, а веднаш потоа на лизгалиштето влегла медицинска екипа за да ѝ укаже итна помош и да го запре крварењето. Повредата се случила во пределот непосредно под окото, при што, според првичните информации, избегната е директна повреда на очното јаболко.
Очекувања по деталните прегледи
😭Terrifying Slow-Motion: Kamila Sellier's Near-Blinding Blade Accident in Olympic Short-Track Speed Skatingpic.twitter.com/eoPqegdqv3
— Lunah (@Ore_Dear) February 21, 2026
Според достапните податоци, можно е да има оштетување на коскена структура на лицето, но конечната проценка ќе следи по извршени медицински прегледи и рендгенски снимки. Настанот повторно го отвори прашањето за ризиците во дисциплините на брзо лизгање и безбедносните протоколи на најголемите спортски сцени.


