
Стразбур отвора прашања за користењето на „бомбите“ како доказ
Европскиот суд за човекови права во Стразбур се обрати до македонската влада по апликацијата на бизнисменот Сеад Кочан, отворајќи правни дилеми околу користењето на прислушувани разговори како доказ во кривична постапка.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Станува збор за предметот „Труст“, во кој Кочан беше правосилно осуден на 4 години и 8 месеци затвор за злоупотреба на постапка за јавна набавка.
Дали судењето било фер
Судот во Стразбур го става во фокус прашањето дали судењето било фер, односно дали пресудата се темелела на докази прибавени преку незаконско прислушување.
Во комуникацијата со Владата во Скопје, Судот посочува дека обвинението се потпирало и на аудио-снимки од пресретнати разговори, кои биле вклучени во доказниот материјал.
Под лупа доказниот корпус
Овие аудио-материјали биле дел од доказниот корпус врз кој судовите ја темелеле пресудата. Прашањето што се отвора е дали нивната употреба е во согласност со стандардите за фер судење и заштита на човековите права.
Одлуката на Судот може да има пошироки импликации за постапките во кои биле користени материјали од таканаречените „бомби“.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден








