во ,

13.000 денари помалку: Намалени платите на функционерите

Собранието ги донесе законите со кои платите на пратениците и избраните и именувани лица ќе се намалат до 13.000 денари

Во рамки на 89. седница, пратениците без расправа го изгласаа пакетот измени со кои се интервенира во коефициентите за пресметка на платите. Со ова се опфатени пратениците, функционерите во извршната власт, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, како и градоначалниците.

Нивелирање на коефициентите

Супер Попуст -25%

Еден од предлагачите, пратеникот Бојан Стојаноски, образложи дека целта е воспоставување реални висини на примањата во согласност со економските можности на државата. Според него, законските измени се во уставна рамка и не можат да бидат успешно оспорени пред Уставниот суд.

Со новите решенија, платите на засегнатите категории ќе се намалат од 10.000 до 13.000 денари, а за градоначалниците се воведува нова скала зависно од бројот на жители во општината.

Критики и реакции

Во текот на седницата се слушнаа и критики дека мерката е популистичка и дека намалувањето на функционерските плати нема суштински да ги подобри условите за живот на граѓаните.

Покрај овие измени, пратениците усвоија и дополнувања на законите за ветеринарно здравство, идентификација и регистрација на животните, како и закон за реализација на инфраструктурни проекти за патните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Наука што го пресретнува ракот пред да започне

Осомничениот од Старо Нагоричане оди на психијатриска процена