во ,

Хрватскиот шеф на дипломатијата во официјална посета

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре е домаќин на хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во официјална посета на земјава

Во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи, економската и секторската соработка, како и европската интеграција. Се очекува да се разгледаат и можностите за користење на хрватското искуство во пристапниот процес кон Европската Унија.

ЕУ, НАТО и регионални теми

Супер Попуст -25%

Двајцата министри ќе разменат мислења и за соработката во рамките на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања. Средбите ќе опфатат тет-а-тет разговор, како и билатерална средба меѓу делегациите.

Најавена прес-конференција

Хрватскиот министер ќе биде пречекан пред Министерството за надворешни работи, по што е планирана и заедничка прес-конференција на двајцата министри, на која ќе бидат презентирани заклучоците од разговорите.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп бара итно запирање на убивањето во Украина

Хилари Клинтон ќе сведочи во Конгресот за случајот Епстин