
Силни експлозии повторно одекнаа во Доха и Манама, додека тензиите во Персискиот Залив продолжуваат да растат
Очевидци од главниот град на Катар пријавиле повеќе детонации во утринските часови. Според локални медиуми, биле регистрирани најмалку 11 експлозии, а делови од градот биле обвиени со чад.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Во Бахреин, во главниот град Манама, граѓани исто така пријавиле најмалку четири силни експлозии. На социјалните мрежи се појавија фотографии од оштетен хотел, но тие засега не се независно потврдени.
Американски позиции повторно на мета
Според извештаите, Техеран повеќепати ги таргетирал американските воени бази во регионот по почетокот на американско-израелските напади врз Иран. Во заливските држави се стационирани илјадници американски војници, што дополнително ја зголемува чувствителноста на ситуацијата.
Регионот останува во состојба на висока готовност, а меѓународната заедница внимателно ја следи динамиката на настаните.


