во ,

ЕДИНСТВЕН ЦЕНТАР ЗА СРЦЕТО: Кардиологија и Кардиохирургија се спојуваат

Со одлука на Владата, Кардиологија и Кардиохирургија ќе функционираат како единствен центар на терциерно ниво

На предлог на Министерството за здравство, донесена е одлука за спојување на двете клиники со цел подобра интеграција, координација и ефикасност во третманот на пациенти со кардиоваскуларни заболувања. Според министерот за здравство Азир Алиу, укинувањето на административните дупликати ќе овозможи рационално искористување на човечките, просторните и технолошките ресурси.

Заштедите ќе одат во опрема и едукација

Супер Попуст -25%

Алиу посочи дека средствата што ќе се заштедат преку оптимизација на организациската структура ќе бидат реинвестирани во модернизација на медицинската опрема и професионална едукација на кадарот. Новиот модел ќе овозможи континуитет од превенција и дијагностика до интервентен и хируршки третман, без административни пречки и чекање трансфери.

Спојувањето треба да придонесе и за подобра искористеност на операционите и лабораториските капацитети, како и за развој на академски и истражувачки програми, со поголеми можности за обука на специјализанти и супспецијализанти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп слави историска победа: Збришано е највисокото раководство на Иран во само една ноќ

КРИЗЕН ШТАБ ВО ФУНКЦИЈА: Се зголемува бројот на повици од Блискиот Исток