во ,

Синдикатот најави кривична пријава против министерот Љутков

Синдикатот на културата најави кривична пријава против министерот Љутков

Синдикатот на културата најави дека во среда ќе поднесе кривична пријава против министерот за култура и туризам Зоран Љутков, поради сомневање за злоупотреба на службената положба и повреда на правата од работен однос.

Супер Попуст -25%

Како што информираат од синдикатот, на прес-конференција пред Основното јавно обвинителство јавно ќе биде објавено поднесувањето на пријавата и деталите за наводните незаконски постапки поврзани со пресметката на платите во секторот култура.

Спорна методологија за пресметка на плати

Според наводите во пријавата, министерот во текот на 2025 година давал насоки и упатства за нов начин на пресметка на платите на вработените во културата, кој според синдикатот бил донесен спротивно на законските прописи.

Тие тврдат дека со ваквите упатства била воспоставена нова методологија која ги дерогирала Општиот колективен договор за јавниот сектор и ги ограничила правата на работниците.

Пријави и против директори

Од синдикатот најавија дека кривични пријави ќе бидат поднесени и против директори на културни институции кои, како што велат, ги спроведувале упатствата дадени од министерството.

Според нив, со тоа постои основано сомневање дека сториле кривично дело „Повреда на правата од работен однос“.

Судски пресуди во корист на работниците

На прес-конференцијата ќе бидат презентирани и нови судски пресуди кои, според синдикатот, се донесени во корист на вработените во културата.

Тие сметаат дека овие одлуки дополнително ја потврдуваат незаконитоста на постапките поврзани со платите на културните работници.

Порака од синдикатот

Од Синдикатот на културата порачаа дека никој не е над законите и дека секоја злоупотреба на функцијата со која се повредуваат работничките права ќе биде институционално и јавно оспорена.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Анима Мунди“ бара одговори за закланите коњи во ЗОО Скопје

Експлозија ја оштети синагогата во Лиеж