
Уште еден прекрасен пролетен ден е пред нас! Сабота ќе биде во знакот на сонцето и пријатните температури кои ќе ги измамат граѓаните во природа. Иако утрата сè уште го задржуваат зимскиот мраз со температури кои на места ќе се спуштат и до -4 степени, денот носи вистинско затоплување. Максималните температури ќе се искачат до 20 степени, што го прави овој викенд идеален за прошетки, пред најавената промена на времето која пристигнува веќе од недела.
Скопје се грее на 20 степени: Сончев почеток на викендот
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Во главниот град нè очекува сончево и релативно топло време. Скопјани ќе уживаат во максимални 20 степени, додека утринската температура ќе биде околу -1 степен. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, што дополнително ќе го засили чувството на пријатна пролетна атмосфера. Искористете ја саботата за активности на отворено, бидејќи веќе од попладневните часови облачноста полека ќе почна да се зголемува.
Доаѓаат чадорите: Дожд од недела и пад на температурите
Идиланата временска слика ќе почне да се менува во текот на ноќта кон недела. Влегуваме во период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои главно ќе бидат застапени во попладневните часови. Оваа нестабилност ќе нè придружува и на почетокот од следната недела. Подгответе се за постудено време од вторник, кога дневните температури ќе бидат во значително опаѓање, враќајќи нè во малку посива и повлажна пролетна реалност.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден








