
Најавениот мировен договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Иран предизвика вистински политички земјотрес и бран остри критики во Израел. Популарниот израелски дневен весник „Једиот Ахаронот“ на својата насловна страница со само два збора го сумираше преовладувачкото расположение во земјата: „Лош договор“. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, Израел – кој во изминатата година водеше дури две жестоки војни против Техеран, од кои последната со директно учество на американските сили на крајот на февруари – сега е комплетно изоставен од евентуалното мировно решение во чие кроење воопшто не учествуваше. Деталите од меморандумот за разбирање предизвикаа поплава од незадоволство кај Израелците од целиот политички спектар, кои сметаат дека Вашингтон ги жртвувал нивните безбедносни интереси.
Целосно промашени воени цели: Каде исчезнаа „егзистенцијалните закани“?
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Овој аранжман е светлосни години подалеку од стратешките цели што Тел Авив ги зацрта на почетокот на конфликтите. Премиерот Бенјамин Нетанјаху тогаш децидно изјавуваше дека целта на воените операции е трајно отстранување на егзистенцијалните закани, што подразбираше целосно уништување на иранската нуклеарна програма, елиминација на нивните балистички ракети и создавање услови за соборување на режимот во Техеран. Наместо тоа, првичната рамка на договорот предвидува само прекин на огнот во рок од 60 дена, укинување на американската поморска блокада врз иранските пристаништа и повторно отворање на Ормускиот теснец. Израелските безбедносни кругови се алармирани од фактот што договорот се потпира исклучиво на „добрата волја“ на Техеран, без никакви цврсти гаранции.
Авигдор Либерман (поранешен министер за одбрана): „Ова е чиста катастрофа од израелска перспектива! Наместо колапс на режимот, овој договор ќе овозможи стотици милијарди долари повторно да почнат да се влеваат во касата на Техеран.“
Јаир Лапид (лидер на опозицијата): „Се надевам дека овие извештаи не се точни. Но, ако се, ова претставува еден од најразорните и најстрашните неуспеси во комплетната историја на израелската надворешна и безбедносна политика.“
Три клучни точки поради кои Израел стравува од капитулација
Според висок анонимен извор запознаен со позицијата на израелските одбранбени сили, предлогот на Трамп содржи три фатални пропусти кои директно ја загрозуваат безбедноста на Израел:
- Нема решение за ураниумот: Документот не предвидува никакви јасни решенија за веќе постоечките ирански залихи на високо збогатен ураниум, ниту пак наметнува доволни долгорочни ограничувања за нуклеарните капацитети.
- Финансиско заживување на Техеран: Наместо економски колапс, укинувањето на американските санкции ќе донесе огромен финансиски прилив со кој Исламската Република брзо ќе ги обнови своите воени ресурси.
- Отворени раце за проиранските милиции: Во текстот не постои прецизен механизам кој би го принудил Иран да престане со финансирање и вооружување на Хезболах во Либан, Хутите во Јемен и Хамас во Газа, додека во исто време се бара итно запирање на успешната израелска воена кампања против Хезболах.
Во меѓувреме, актуелната израелска влада се однесува крајно претпазливо, главно од страв да не го налути непредвидливиот Доналд Трамп. Самиот Нетанјаху во петокот издаде штуро соопштение во кое вели дека тој и американскиот претседател се „целосно согласни дека Иран не смее да има нуклеарно оружје“, но во неговата изјава симптоматично беа премолчени и испуштени балистичките ракети и регионалните сојузници на Иран. Експертите, како поранешниот советник за национална безбедност Јаков Нагел, предупредуваат дека Трамп по секоја цена ќе прогласи „целосна победа“ за својот роденден, игнорирајќи го фактот дека Израел е оставен сам на ветрометината.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден







