
Македонските воздухопловни власти ја презедоа истрагата за сериозниот инцидент со авион на „Рајанер“, кој се случил додека летал над воздушниот простор на Северна Македонија.
Дефект на моторот по полетувањето
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Авионот „Боинг 737-800“ сообраќал на линијата Солун – Меминген кога, кратко по полетувањето, бил пријавен дефект на десниот мотор.
Според првичните информации, делови од моторот оштетиле еден од прозорците во патничката кабина. Тоа предизвикало нагла декомпресија и активирање на кислородните маски.
Повреден патник покрај оштетениот прозорец
Во инцидентот најтешко бил повреден 61-годишен српски државјанин, кој седел покрај оштетениот прозорец.
Силната промена на притисокот го повлекла кон отворот, но патниците успеале да му помогнат и да го задржат во кабината. По слетувањето во Солун, тој бил пренесен во болница поради здобиените повреди.
Во истрагата се вклучуваат „Боинг“ и NTSB
Покрај македонските институции, во истрагата ќе учествуваат американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот – NTSB, производителот „Боинг“ и компанијата CFM International, која ги произведува моторите на авионот.
Истражителите треба да утврдат дали оштетувањето на прозорецот било директна последица на дефектот на моторот или во инцидентот придонеле и други технички фактори.
Авионот останува приземјен
Екипажот успеал безбедно да го врати авионот на аеродромот во Солун. Патниците подоцна го продолжиле патувањето со друго летало обезбедено од „Рајанер“.
Оштетениот авион останува приземјен додека не завршат деталните технички проверки и официјалната истрага за причините за инцидентот.


