во ,

САД ВОЗВРАТИЈА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЈОРДАН: Нови удари врз Иранската револуционерна гарда

Американската војска изведе нови напади врз Иран, наведувајќи дека целта била да се казнат силите на Иранската револуционерна гарда одговорни за нападот врз американските војници во Јордан.

Централната команда на САД – CENTCOM соопшти дека во осмата последователна ноќ на операции биле погодени ирански капацитети за крајбрежно набљудување и воздушна одбрана, поморска инфраструктура, како и складишта за ракети и беспилотни летала.

Супер Попуст -25%

Американската страна тврди дека биле нападнати и единици на Иранската револуционерна гарда поврзани со ракетниот и нападот со дронови врз американските сили во Јордан на 17 јули. Операцијата завршила околу 23:30 часот по источноамериканско време.

Двајца загинати, еден војник исчезнат

Во нападот врз базата во Јордан загинале двајца американски војници, додека уште еден се води како исчезнат во акција. Четворица војници биле пренесени во болница, но подоцна биле пуштени, а други со полесни повреди се вратиле на должност.

Со новите жртви, бројот на загинати американски војници од почетокот на конфликтот достигна 16, додека повеќе од 420 биле повредени, според американските податоци пренесени од Ројтерс.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет порача дека нивната жртва дополнително ја зацврстува решителноста на Вашингтон.

Иран објави нови напади врз американски бази

Иранските државни медиуми објавија дека биле нападнати американски воени капацитети во Кувајт, меѓу кои кампот Арифџан и воздухопловната база Али Ал Салем.

Иранската револуционерна гарда тврдеше дека погодила воени објекти и опрема, но дел од овие наводи не беа независно потврдени. Кувајт соопшти дека неговата воздушна одбрана пресретнувала ирански ракети и дронови и дека при нападите имало повредени и материјална штета.

Хамнеи со ново предупредување до Вашингтон

Иранскиот врховен лидер аjатолах Моџтаба Хамнеи оцени дека повторените американски напади покажуваат оти потписот на Доналд Трамп на привремениот договор е без кредибилитет.

Тој предупреди дека Иран и неговите сојузници ќе продолжат да одговараат доколку американските операции не запрат. Неговата порака беше објавена преку официјалните профили на иранскиот врховен лидер и државните медиуми.

Судирот влегува во нова опасна фаза

Новите удари следуваат по распадот на привремениот договор за смирување на конфликтот. САД велат дека сакаат да ја намалат способноста на Иран да го загрозува поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, додека Техеран ги обвинува за напади врз инфраструктура и за дополнително ширење на војната.

Продолжувањето на заемните напади го зголемува ризикот конфликтот да зафати уште повеќе земји во регионот и дополнително да ги наруши транспортот и снабдувањето со енергенси.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ ОД ГРЦИЈА: Возачи секој ден минуваат преку мост што речиси се урнал

До 40 степени, па можен пресврт: Попладнето носи услови за невреме и град