во ,

Не пијте вода од овие јавни чешми кај Прилеп: Објавени резултатите од анализите

Жителите и посетителите на Ореовец и Леништа треба внимателно да постапуваат со водата од јавните чешми поради откриено бактериско загадување.

Водата од две јавни чешми во околината на Прилеп не е здравствено исправна за пиење, информира Општина Прилеп.

Супер Попуст -25%

Станува збор за јавните чешми во селата Ореовец и Леништа, каде лабораториските анализи покажале присуство на бактерии од цревно потекло.

Водата во Ореовец задолжително да се преврие

Кај локалниот водоснабдителен систем во Ореовец, односно јавната чешма во средината на селото, биле откриени бактерии од цревно потекло и зголемен број бактериски колонии на 37 степени.

Водата не смее да се користи за пиење без претходно вриење најмалку 10 минути.

Од Општината посочуваат дека е потребно соодветно техничко решение кое ќе овозможи редовна дезинфекција на водата.

Водата од чешмата во Леништа да не се пие

Неисправна е и водата од јавната чешма во средината на селото Леништа.

Анализите покажале бактерии од цревно потекло, како и зголемен број бактериски колонии на 22 и 37 степени.

Од Општина Прилеп предупредуваат дека оваа вода не смее да се користи за пиење.

И за овој објект е потребно техничко решение со можност за редовна дезинфекција на водата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Одговорите за кризата барајте ги кај вашите кадри во Гостивар

Животни заробени меѓу пламените јазици: Пожарите во Франција уништуваат цели екосистеми