во ,

Два месеца не одеше на работа, сега доби функција во Брисел

Од вицепремиерската фотелја до нова функција во Брисел – Владата го назначи Арбен Фетаи за специјален пратеник за Европската Унија.

Поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник на Владата за Европската Унија, со седиште во Брисел.

Супер Попуст -25%

Одлуката била донесена на владина седница, а информацијата ја соопшти самиот Фетаи преку објава на социјалните мрежи.

Нова функција по заминувањето од Владата

Фетаи на почетокот на јуни поднесе оставка од функцијата вицепремиер, по период во кој во јавноста се отворија прашања за неговото повеќенеделно отсуство од работното место и владините седници.

Собранието го разреши на 10 јуни, а околу месец и половина подоцна Владата го испрати на нова државна функција во Брисел.

Уште во април премиерот Христијан Мицкоски најави дека Фетаи најверојатно ќе добие позиција во Брисел, оценувајќи дека државата може да ги искористи неговото искуство, контакти и познавање на европските институции.

Ќе бара посилна поддршка за евроинтеграциите

Фетаи порача дека новата функција за него претставува голема чест, но и голема одговорност.

Според неговото образложение, задачата ќе му биде да работи на унапредување на процесот на европска интеграција, зајакнување на политичката поддршка во институциите на ЕУ и меѓу земјите членки, како и на надминување на политичките и дипломатските пречки.

„Гласот на Северна Македонија да биде посилен и поприсутен во Брисел и во европските метрополи“, напиша Фетаи, заблагодарувајќи им се на Владата и на премиерот за укажаната доверба.

Ќе работи во македонската мисија при ЕУ

Фетаи е назначен за специјален претставник на Владата во Постојаната мисија на Македонија при Европската Унија во Брисел.

Неговото именување предизвика реакции во јавноста поради околностите под кои ја напушти претходната функција, но и поради прашањето кои конкретни надлежности ќе ги има покрај постојниот дипломатски состав на земјата во Брисел.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Судење зад затворени врати: Руска новинарка доби 12 години затвор

Граѓани забележале што прави на плажа и веднаш го задржале