во ,

Трагичниот биланс кај Сеута расте: најмалку 96 загинати

Трагичниот биланс по масовниот обид за влез во Сеута продолжува да расте. Официјалните податоци говорат за најмалку 96 загинати, а идентификацијата на жртвите сè уште трае.

Бројот на загинати мигранти по масовниот обид за влез во шпанската енклава Сеута се искачи на најмалку 96, објави шпанската телевизија РТВЕ повикувајќи се на официјални податоци.

Супер Попуст -25%

Од нив, 82 лица загинале на шпанската, а 14 на мароканската страна.

Проценките се уште повисоки ако се вклучи и Мелиља

Мароканското здружение за човекови права проценува дека вкупниот број на загинати достигнува 141 доколку се вклучи и обидот за преминување во Мелиља, втората шпанска енклава во северна Африка.

Официјалната истрага и идентификацијата на жртвите продолжуваат.

Досега идентификувани само шест жртви

Директорот на Институтот за судска медицина во Сеута, Мануел Апарсеро, потврди дека се завршени обдукциите на сите пронајдени тела.

Досега се идентификувани само шест жртви, сите полнолетни мажи со мароканско државјанство.

Спасувачите затекнале исклучително тешка состојба

Спасувачките екипи ја опишале ситуацијата кај бранобранот во близина на плажата Тарахал како исклучително тешка.

Во најинтензивните моменти, според надлежните, на шпанската страна пристигнувале меѓу 60 и 100 луѓе во минута.

„Кога пристигнавме, глетката беше ужасна. Стануваше збор за масовен влез на мигранти, многумина веќе беа мртви, додека други беа во состојба на целосна исцрпеност“, изјави Апарсеро.

Стотици повредени на мароканската страна

На мароканската страна биле повредени 236 лица, меѓу кои и 87 припадници на безбедносните сили.

Околу 100 лица биле уапсени во областа на Сеута, а уште 23 во близина на Мелиља.

Се истражува и улогата на социјалните мрежи

Истрагата посочува дека социјалните мрежи имале значајна улога во организирањето и координацијата на масовниот обид за преминување.

Според објавените информации, биле анализирани 23 групи на Фејсбук со повеќе од еден милион членови, во кои се споделувале информации поврзани со обидите за пристигнување до Сеута.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Американска проценка: Путин би можел да ја тестира решителноста на НАТО

Американците најавуваат пресврт: договорот за Ормускиот Теснец сè поблиску