
Наполи ја одби првата понуда на Фенербахче за Ромелу Лукаку, откако турскиот клуб понудил шест милиони евра за белгискиот напаѓач.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Според новинарот Јаз Сабунџоглу, италијанскиот клуб бара најмалку 10 милиони евра за 33-годишниот фудбалер, а разговорите меѓу двете страни продолжуваат.
Фенербахче понудил шест милиони евра
Фенербахче сака да го засили нападот со искусниот белгиски репрезентативец и веќе испратил конкретна понуда до Наполи.
Сепак, „наполитанците“ не се задоволни од понудената сума и очекуваат најмалку четири милиони евра повеќе.
Лукаку е пред заминување од Наполи
Се очекува Лукаку да го напушти клубот бидејќи, според информациите, Наполи не планира сериозно да смета на него во новата сезона.
Белгиецот има договор со италијанскиот клуб за уште една сезона, што му овозможува на Наполи да бара отштета за негов трансфер.
Монако засега надвор од трката
Претходно се појавија информации дека интерес за Лукаку покажува и Монако.
Во моментов, сепак, нема активни преговори меѓу францускиот клуб и Наполи, па Фенербахче останува најконкретната опција за негово заминување.
Следниот потег сега е на турскиот клуб – дали ќе ја зголеми понудата и ќе се приближи до бараните 10 милиони евра.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден








