
На денешното рочиште ќе бидат изведени најважните докази за самиот објект. Предвидено е детално разгледување на градежното вештачење и распит на стручните лица. Вештаците кои го изработиле извештајот ќе мора да одговорат на најтешките прашања пред судот.
Институциите и поединците целосно потфрлиле
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Претходното рочиште веќе откри шокантни детали за случајот кој ја зави Македонија во црно. Судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, ги изнесе своите наоди. Тој посочи дека анализата недвосмислено потврдила суштински и фатални пропусти во целиот систем.
„Институциите и поединците потполно потфрлиле, при што воопшто не биле почитувани постоечките стандарди, регулативи и законски процедури.“
Оваа изјава фрла огромна дамка врз надлежните органи кои требало да го контролираат објектот. Останува да се види кој точно ќе ја понесе вината за бруталното непочитување на законите. Семејствата на жртвите и понатаму чекаат правда за страшната ноќ во Кочани.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден








