во ,

ФИЛИПЧЕ ЗА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: Мирот, соживотот и еднаквоста се темелот на нашата иднина!

По повод одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, испрати силна порака за обединување. Тој истакна дека овој историски документ претставува нераскинлив темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата.

Потсетувајќи се на настаните од 2001 година, Филипче нагласи дека со Рамковниот договор бил ставен крај на вооружениот конфликт. Со неговото потпишување, трајно беа потврдени територијалниот интегритет на државата и нејзиниот сигурен демократски пат.

Македонија како заеднички дом

Супер Попуст -25%

Претседателот на СДСМ посочи дека различностите треба да се негуваат како најголема сила на општеството, а не да се злоупотребуваат како алатка за политички поделби и ширење омраза меѓу народот.

„Најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани. Различностите се дел од нашето општество и наша обврска е да ги негуваме како вистинска вредност.“

Дијалогот е посилен од конфликтот

Филипче е дециден дека четврт век по потпишувањето на договорот, неговите основни вредности мора да останат главна водилка за иднината. Тој потенцираше дека Охридскиот договор е вечен потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот секогаш победуваат над поделбите и конфликтите.

Според него, сите граѓани и политички чинители имаат заедничка должност да ја градат иднината на Македонија исклучиво низ призмата на соживот, меѓусебно почитување и еднаквост, оставајќи ги засекогаш зад себе навредите и деструктивната политика.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МВР РАСЧИСТУВА СО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ: 13 лица на распит за ширење паника за водата во Скопје!

НАУКАТА ПОТВРДИ, А ТАА ДОКАЖА: Жената со најсовршено тело на светот ги запали мрежите!