во

АКТИВНИ ОСУМ ПОЖАРИ ВО ДРЖАВАТА: „Ертракторите“ цел ден го гаснат Рамни Габер, хеликоптер испратен во Крушево!

Состојбата со пожарите на отворен простор низ државата е благо подобрена во однос на вчерашниот ден, но ситуацијата и понатаму бара максимална ангажираност на терен. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, попладнево информираше дека од дваесетина пријавени пожари, осум се сè уште активни.

Како најкомплексен за гаснење останува пожарот во општина Студеничани, над селото Рамни Габер. „Цел ден дејствуваат ‘ертракторите’, значително е намален поголем дел од горните краци, но потребно е уште многу работа за истиот да биде изгаснат,“ истакна Ангелов во својот извештај.

Битка за селата и опасни терени со експлозиви

Супер Попуст -25%

Сериозен предизвик претставува и пожарот во Општина Новаци, кај селата Маково и Црничани, каде гори ниска вегетација и деградирана шума.

„Очекувам во текот на денешниот ден овој пожар, кој се одвива на место каде што има неексплодирани убојни средства, да биде целосно совладан,“ посочи Ангелов, нагласувајќи го високиот ризик за пожарникарите на оваа локација.

Драма се одвива и во велешкото село Салм, каде пожарникарите водат директна битка за да ги заштитат куќите од пламените јазици. Директорот на ДЗС изрази уверување дека овој пожар ќе биде изгаснат до крајот на денот. Во струшко Делогожда, пак, огнената стихија зафатила голема површина, при што масовно на помош притекнало и локалното население.

Хеликоптери во акција и локализирани жаришта

Пожар попладнево избувнал и во атарот на селата Борино и Житоше во Крушево. Поради тешко пристапниот терен, таму е упатен полициски хеликоптер кој ќе полни вода од непосредна близина.

Позитивни вести доаѓаат од Македонски Брод, каде втор ден по ред 25 доброволни пожарникари и пет оперативци на ДЗС успешно воспоставуваат контрола над огнот во атарот на селото Драгов Дол. Во Куманово, кај Ново Сељање, гори стрниште, а се очекува брзо локализирање на пожарот.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Забрана за пиење на водата од водоводот во Демир Капија!

25 ГОДИНИ РАМКОВЕН ДОГОВОР: ВЛЕН најавува закон за правична застапеност и 250 милиони евра за локални проекти!