
На активностите учествуваа највисоките претставници на коалицијата, меѓу кои копретседателите Изет Меџити и Билал Касами, првиот вицепремиер Беким Сали, како и министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати. Нивната заедничка порака е дека Охридскиот договор претставува обврска и одговорност за сегашноста и иднината на сите граѓани.
Милионски инвестиции и законска рамка
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
По четврт век, според ВЛЕН, принципите на Рамковниот договор конечно се преточуваат во конкретни закони, институционални решенија и инфраструктурни зафати. Правичната и соодветна застапеност добива законска рамка, додека децентрализацијата е поддржана со поправедно финансирање.
„Над 250 милиони евра се насочени кон локални проекти, додека инвестициите во Коридорот 8 и автопатот Скопје–Блаце ја поврзуваат земјата посилно со Косово, Албанија и Европа,“ се вели во официјалното соопштение на партијата.
Фокус на образованието и културата
Како суштински дел од севкупниот развој, ВЛЕН го истакнува и вложувањето во високото образование. Најавени се инвестиции од околу 42 милиони евра за изградба на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, паралелно со континуираната финансиска поддршка за албанската култура.
За коалицијата, приоритетите се јасни: еднаквоста мора да биде загарантирана со закон, економскиот развој реално да се почувствува во општините, а европскиот пат на државата цврсто да се зајакне преку конкретни дела.


