во

ОПШТИНА ЦЕНТАР СО НОВА АПЛИКАЦИЈА: Граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми и да ги следат услугите преку мобилен телефон!

Општина Центар – Скопје ја пушти во употреба својата официјална мобилна апликација, преку која граѓаните на едно место ќе имаат брз и лесен пристап до најважните информации, услуги и дигитални алатки на Општината.

Новата апликација во моментов е достапна за преземање на „App Store“ за корисниците на оперативниот систем iOS, додека во следните неколку дена се очекува да биде достапна и за корисниците на Android преку платформата „Google Play“.

Супер Попуст -25%

Овој новитет претставува уште еден значаен чекор во процесот на дигитализација на локалната самоуправа. Главната цел е комуникацијата со Општината да стане побрза, поедноставна и подостапна за сите граѓани.

Сите услуги и информации на еден клик

Преку својот мобилен телефон, граѓаните сега ќе можат во реално време да ги следат актуелните вести, соопштенијата, настаните и јавните повици, но и директно да пристапат до електронските сервиси.

  • Овозможен е брз пристап до ГИС Порталот, е-Урбанизам, е-Дозволи и „Мој Буџет“.
  • На едно место се достапни сите општински документи, обрасци и одлуки.
  • Вграден е посебен дел за директна комуникација преку кој граѓаните ќе можат да пријават проблем или да испратат свој предлог до Општината.
  • Достапни се и корисни линкови за информации од јавен карактер и пријавување корупција.

„Сакаме Општина Центар да биде достапна за граѓаните секогаш кога им е потребна. Наместо да пребаруваат на повеќе места или да доаѓаат во Општината за секоја информација, сега најважните услуги ќе ги имаат директно на својот телефон. Со ова правиме чекор кон поотворена и поефикасна општина“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Надлежните потенцираат дека апликацијата не е наменета исклучиво за жителите на Центар, туку и за сите граѓани кои работат, престојуваат или секојдневно го посетуваат центарот на Скопје, со што значително се олеснува нивното секојдневие.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СТРАТЕШКИ ПОРАЗ ЗА ТЕХЕРАН: Иран забрзано ја губи контролата врз Ормускиот теснец!

СДСМ СО ЖЕСТОКИ КРИТИКИ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ славеа во Гостивар каде што отруја над 5.000 граѓани!