
Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Според ВЛЕН, актуелната состојба е хаотична и полна со неизвесност. Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, додека Бујар Османи се загрева за лидерската фотелја. Од друга страна, луѓето на Артан Груби ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен.
Стравот од „црната кутија“
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Ситуацијата на Ахмети е крајно комплицирана. Тој се обидува да глуми дека ја држи ситуацијата под контрола, но плановите не му се остваруваат. Ако го пушти Артан низ вода, ризикува да се отвори „црната кутија“ која крие многу партиски тајни. Тоа би открило кој нарачувал, кој потпишувал и кој профитирал на крајот.
„Ако го брани Артан, го зема на свој грб целиот негов политички багаж. Од што повеќе се плаши Бујар, Артан да пропее или Али да не се повлече?“
Загадочниот молк на Османи
Посебно внимание се посветува на однесувањето на Бујар Османи. Тој зборува за сè, но за Артан Груби нема кажано ниту еден збор. ВЛЕН отворено прашува кој му го врзал јазикот на Османи и што тој крие од јавноста. Довчерашните сојузници сега глумат дека не се познаваат, чекајќи погоден момент за конечна пресметка.


